Vrabotuvanje.com - Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место во возот од Западна Европа до Сингапур!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место во возот од Западна Европа до Сингапур!

Патувањето со воз може да биде навистина пријатно искуство со оглед на тоа дека за разлика од автобусите, во возот има место за спиење и релаксација. Сепак, овој пат се работи за патување кое трае 21 ден за кое сме сигурни дека е предизвик и за најголемите авантуристи!

Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место во возот од Западна Европа до Сингапур!

Според Euronews, новата железничка линија која беше отворена на почетокот на овој месец, ќе ги постави рекордите во најдолгото патување со воз во светот. Патник кој се качил во возот на југот на Португалија ќе стигне до Сингапур за 21 ден, а за време на патувањето ќе помине низ Париз, Москва и Пекинг.

За време на патувањето, патниците ќе поминат 13 земји меѓу кои Шпанија, Полска, Белорусија, Монголија… Иако цените на билетот не се најповолни, сепак вреди да се заштеди за едно такво неповторливо животно искуство.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more