Vrabotuvanje.com - На европските берзи втор ден по ред има раст
Share
Tweet
Share
Send to friend

На европските берзи втор ден по ред има раст

На европските берзи втор ден по ред има раст

На европските берзи утрото цените на акциите пораснаа втор ден по ред, а најголем скок забележаа рударскиот и енергетскиот сектор, благодарение на поскапувањето на нафтата и суровините.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот порасна за 0,5 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,48 отсто, на 7.527 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,60 отсто, на 16.037 поени, а париски CAC 0,59 отсто, на 7.226 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на скокот на цените на акциите во рударскиот сектор во просек за 1,7 отсто. Зголемувањето на цената на нафтата го поддржува енергетскиот сектор.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more