Vrabotuvanje.com - Со дијаметар над еден метар направен мазник со паричка во битолско Буково
Share
Tweet
Share
Send to friend

Со дијаметар над еден метар направен мазник со паричка во битолско Буково

Пречник над еден метар имаше мазникот со паричка што за празникот Василица го свртија жителите на битолското село Буково.

Со дијаметар над еден метар направен мазник со паричка во битолско Буково

И покрај температурите под нулата, василичарската буковска трпеза се одржа под отворено небо. Беше пребогата подготвена од вредните раце на буковските домаќинки – oд питулици, палачнки, мекици, зелници, баклави, равании, торти, колачи, гибаници… Се испече цела фурна леб со дваесетина векни, а по старата традиција веднаш по лебот се ставија пиперки да се печат и на местото каде се одржуваше прославата жителка од Буково толчеше пресна пипер. Буковската пипер како зачин е надалеку позната и е бренд на селото.

„Сето ова за гостите беше бесплатно. Донираше секој колку сака, а тие пари нема да бидат за настанот и организаторите, туку ќе останат да се користат за потребите на Буково“, рече претседателот на месната заедница во Буково.

Зa учесниците и гостите на првата василичарска буковска трпеза имаше дрес код, за дамите-бeретка или шеширче плус ракавици, шал, марама. Дрес кодот за мажите беше палто плус шешир и ракавици. Ова беше избрано за да се прикаже долгогодишната традиција на Буково, кое има градски обележја од архитектурата, начинот на облекување низ годините, верувањата дека тука се преселиле луѓето од Хераклеја и дека се граделе куќи со тапии уште пред 600 години.

Буково е планинско село, распослано во пазувите на Баба Паланина на надморска височина од 821 метар. Денес има 1.100 жители, а од таму исселени се над 4.000 лица  кои имаат свои фамилии, па бројката на буковци низ светот е многу поголема.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more