Vrabotuvanje.com - Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна, и го добил случајот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна, и го добил случајот

Еден човек од Париз ја тужел компанијата во која работел бидејќи работата му била здодевна и се чувствувал како да не ја заработил платата. Сега компанијата треба да му плати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна, и го добил случајот

Во 2014 година, Фредерик Деснар се вратил на работа за францускиот производител на луксузни парфеми Interparfums по седум месеци боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа што го оставила во кома неколку дена.

Иако бил вреден работник, по враќањето од боледување компанијата наводно целосно го запоставила. Своето време го трошел работејќи за претседателот на Interparfums. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било важно дали ќе се појави на време.

„Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и срамев што не си ја заработив платата а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во друштвото“, изјави Фредерик Деснар пред судот.

Виктор Билбо, адвокатот на Деснар, рече дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во одбраната тврдеа дека Деснар никогаш не кажал ништо за тоа дека му е досадно.

Во 2020 година Деснар поднесе тужба до судот за работни односи и бара отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдеше дека Деснар никогаш не поднел жалба, судот се согласи дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во Париз на крајот на 2020 година.

Извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more