Vrabotuvanje.com - За прв пат во Европа се продадени повеќе електрични, отколку дизел возила
Share
Tweet
Share
Send to friend

За прв пат во Европа се продадени повеќе електрични, отколку дизел возила

Во декември, продажбата на електрични возила во Европа достигна пазарен удел од дури 21 процент, постигнувајќи поголем удел од дизелите, дознава Automotive News Europe. Во Западна Европа во декември се продадени 176.000 електрични возила, наспроти околу 160.000 дизели.

За прв пат во Европа се продадени повеќе електрични, отколку дизел возила

Да потсетиме, продажбата минатата година скокнала за цели 91 отсто во однос на претходната, па така во првите три квартали од минатата година беа продадени 801.025 електрични возила. Продажбата на дизел опадна за 26 отсто на околу 2,3 милиони во истиот период. Уште поочигледен скок на интересот за електричните возила е забележан во последниот квартал во кој само Tesla Motors испорачале 309.000 автомобили.

Освен побогатата понуда на електрични возила и подобрата инфраструктура, сосема е сигурно дека значителните стимулации имаат се поголемо влијание врз продажбата. Уделот на дизелот се намалува веќе неколку години, по аферата Дизелгејт, која ја запечати судбината на дизел моторите во автомобилската индустрија.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more