Vrabotuvanje.com - На бизнисмените во Австрија им недостигаат работници
Share
Tweet
Share
Send to friend

На бизнисмените во Австрија им недостигаат работници

На бизнисмените во Австрија им недостигаат работници

Само 2 отсто од газдите во Австрија изјавиле дека немаат проблем за наоѓање на работници. 

Австриските претприемачи се борат со недостигот на работна сила, а 83 отсто од нив велат дека недостигот на квалификувана работна сила е најголемата закана за опстанокот на компаниите. Најтешко се наоѓаат работници во туризмот, логистиката, градежништвото и енергетскиот сектор. Сето ова е наведено во студијата објавена денеска во Виена.

„Проблемот со недостиг на работна сила се влоши за време на пандемијата“, рече Ерих Ленер од компанијата EY Österreich.

Во истражувањето беа вклучени над 600 австриски компании. Потреба од работници има и Германија. Како одминуваат годините, бројката за работници ќе расте. 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more