Vrabotuvanje.com - Продажбата на хибридни возила во ЕУ за прв пат ги надмина дизел возилата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продажбата на хибридни возила во ЕУ за прв пат ги надмина дизел возилата

Продажбата на хибридни возила во ЕУ за прв пат ги надмина дизел возилата

Продажбата на хибридни автомобили, кои имаат мотори и со внатрешно согорување и на батерии, минатата година за првпат во Европа ја надминала продажбата на оние со дизел мотори, иако за само 48 возила, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Еден од 11 продадени автомобили во Европа во 2021 година бил електричен, на батерии или вкупно нешто помалку од 880.000 возила, според статистиката на ACEA, пренесува „Ројтерс“.

Вкупно 1,9 милиони хибридни и електрични возила со батерии се регистрирани во Европската унија во текот на целата мината година, што е значителен скок од 1,1 милион регистрирани во 2020 година.

Хибридните автомобили имаат батерија која се полни преку моторот со внатрешно согорување и генерално може да преминат само ограничено растојание движејќи се на електричен погон.

Оној тип на таканаречени plug-in хибриди се придвижуваат првенствено од батерија што се полни екстерно и затоа се сметаат за поеколошки прифатлви, но и тие се поддржани од мотор со внатрешно согорување, додека чисто електричните автомобили работат само на батерија.

Во 2021 година, продажбата на електрични возила во ЕУ се зголемила за 63,1 отсто на речиси 878.500 автомобили, покажуваат податоците, додека продажбата на plug-in хибриди се зголемила за 70,7 отсто на речиси 867.100.

Бројот на регистрации на дизел возила, кој опадна по скандалот „дизелгејт“ во 2015 година, паднал за една третина минатата година на 1,9 милиони единици, од 2,77 милиони претходната година.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more