Vrabotuvanje.com - Управител на складиште на „Амазон“ украл над 273.000 долари во компјутерски делови
Share
Tweet
Share
Send to friend

Управител на складиште на „Амазон“ украл над 273.000 долари во компјутерски делови

Управител на складиште на „Амазон“ украл над 273.000 долари во компјутерски делови

Можноста прави крадец, за што сведочи случајот кој доаѓа од Шарлот, град во Северна Каролина, САД. Имено, Даглас Рајт, 27-годишен менаџер на магацин на „Амазон“, се изјаснил за виновен за кражба на стока вредна над 273.000 долари.

Според соопштението на американското Министерство за правда, помеѓу јуни 2020 година и септември 2021 година, Рајт ја искористил својата позиција во складиштето на „Амазон“ за да украде големи количини компјутерски компоненти како хард дискови, процесори и графички картички.

Рајт откри дека по кражбата, ја испратил робата дома и ја продал на големо на компјутерска компанија во Калифорнија. Според Министерството за правда, на 27-годишникот му се заканува казна затвор до 20 години и парична казна од 250.000 долари.

извор: lokalno.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more