Vrabotuvanje.com - Лидл Србија им ги зголемува платите на вработените
Share
Tweet
Share
Send to friend

Лидл Србија им ги зголемува платите на вработените

Вработените во Лидл Србја ќе добијат поголеми плати. Платите ќе им се зголемат по започнувањето на новата деловна година – од 1 март.

Лидл Србија им ги зголемува платите на вработените
За вработените на позицијата продавач во 57 -те продавници на Лидл , ова значи зголемување на платите од околу 10 %. 
 
Од доаѓањето на Лидл во Србија, вработените во оваа компанија имаат конкурентни услови за работа. Споментатите зголемувања на платите, доаѓаат неазвисно од неодамнешните промени на минималната плата во Србија. 
 
Покрај тоа, Лидл Србија е трговски ланец кој на вработените, пред да се вработат, им гарантира годишно зголемување на платите. 
 
Ова трае се додека не направат четири години работно искуство на дадената позиција. 
 
Лидл Србија на своите вработени им обезбедува и дополнителни бенефити, како што се приватно здравствено осигурување со вклучен систематски преглед. Ланецот на маркети им дава и подароци по повод важни датуми. 
  • Подароци за деца на школска возраст
  • Подароци за деца за Нова година
  • Картички за пазарување во Лидл по повод новогодишните празници и сл. 

Поради бенефитите којшто ги нуди, ланецот на маркети е еден од најпосакуваните работодавачи во Србија. 

извор: rabotnik.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more