Vrabotuvanje.com - Што покажа анкетата: Кој маркет е најпосакуван за вработување во земјава?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што покажа анкетата: Кој маркет е најпосакуван за вработување во земјава?

Продавачите и касиерите се меѓу најбараните професии поради растечкиот тренд на нови маркети и шопинг центри

Што покажа анкетата: Кој маркет е најпосакуван за вработување во земјава?

Без разлика дали се работи за мали продавници за храна, супер или хипермаркети, за нив секогаш има работа.

Големите трговски синџири постојано имаат отворени огласи за вработување на продавачи, касиери, работници за сортирање или магационери.

Борбата за квалификуван кадар е навистина предизвикувачка, а она што е охрабрувачки и позитивен тренд на пазарот на трудот е што работодавачите од овој сектор ја увидуваат потребата да се издвојат од масата работодавачи и да им понудат нешто повеќе на своите потенцијални врабоотени.

Направивме анкета во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт: Кој би бил вашиот избор ако треба да се вработите во маркет?

2% од испитаниците како опција избрале Рептил маркетот. 3% се одлучиле за маркетот Зур.

6% би работеле во Кит-Го маркетите, а дел од нивните аргументи се „Даваат највисоки плати, бонуси, први започнаа да не ја работат неделата кога уште законот не беше изгласан, одлична атмосфера, не ги малтертираат вработените! “

8% од испитаниците би работеле во Стокомак, а по 10% од испитаниците се изјасниле за Тинекс, Рамстор, Киппер. „Тинекс има најредовни бонуси и најдобри стимули“, „10 години работам во Рамстор и мене ми е супер. Добра плата и унапредување, не ги менуваат често вработените“, „Киппер нуди најдобри услови од сите маркети“ се дел од коментарите.

Во Веро би работеле 15% од испитаниците.

Лидер меѓу маркетите работодавачи е КАМ, со 27% од посетителите на нашиот сајт кои би работеле во оваа компанија. Покрај добрата плата која ја нагласиле поголем дел од испитаниците, голем дел би ја избрале оваа компанија за свој работодавач благодарение на работните услови и бенефициите кои КАМ им ги нуди на своите вработени. „Според описот на условите што ги нудат, имено освен плата компанијата добро е што нуди плус поволности за вработените, со тоа оставаат впечаток дека се грижат за вработените да имаат попријатни услови за работа.“ стои во еден од коментарите.

10% од испитаниците ја избрале опцијата Друг маркет, а најголем дел од нив го посочиле Жито маркет како посакуван работодавач.

Резултатите од анкетата можете да ги видите ТУКА.

Во тек е нашата нова анкета: Кој би бил вашиот избор ако треба да се вработите во банка? Вашите одговори ги очекуваме на ЛИНКОТ.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more