Vrabotuvanje.com - Поскапеа и угостителските услуги
Share
Tweet
Share
Send to friend

Поскапеа и угостителските услуги

Поскапеа и угостителските услуги

Како што објави Државниот завод за статистика, поскапување има кај услугите за храна за 3,3 проценти, алкохолни пијалоци за 2,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 0,9 проценти и ноќевањата за 0,3 проценти. Во споредба со јануари минатата година, има зголемување за 4,2 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2022 година, во споредба со декември 2021 година, пораснал за 2.4  отсто.  

И претходниот извештај на ДЗС покажа дека во декември лани имало пораст на цените на угостителските услуги.

Во земјава имаше серија поскапувања поради покачување на цената на струјата. 

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more