Vrabotuvanje.com - Како звучи: Колку сте побогати, толку сте понесреќни?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како звучи: Колку сте побогати, толку сте понесреќни?

Како звучи: Колку сте побогати, толку сте понесреќни?

Најбогатите Кинези, поради своето богатство, се под поголем притисок од обичните милионери, покажува една студија.

„Колку сте побогати, толку сте понесреќни“, е заклучокот на студијата која опфати 500 кинески милионери, а ја спроведе магазинот „Хурун рипорт“, кој секоја година прави листа на најбогати Кинези.

За милионери се сметаат оние личности кои имаат богатство поголемо од 10 милиони јени, односно 1,21 милион евра, додека пак, за супер богати се сметаат оние чие богатство е за десет пати поголемо, а супер богати во овогодинешната анкета имало 69.

„Парите, исто така, носат проблеми. Се верува дека супер богатите се помалку среќни од обичните милионери“, се вели во студијата.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more