Vrabotuvanje.com - Дали знаевте дека Милениумскиот крст на Водно е петтиот по големина крст во светот?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали знаевте дека Милениумскиот крст на Водно е петтиот по големина крст во светот?

Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје, во село Горно Нерези. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија.

Дали знаевте дека Милениумскиот крст на Водно е петтиот по големина крст во светот?

Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум. На ова место во минатото имало камен крст, што е причина врвот да го добие името Крстовар – „местото на крстот“.

Милениумскиот крст е изработен од челик и се наоѓа на 66 метри надморска височина, со ширина на краците од 46 метри. Составен е од 33 нивоа, секое ниво високо по 2 метра, кои ги симболизираат годините на Исус Христос. Тој денес претставува една од највисоките градби во Македонија.

Во внатрешноста на Крстот, на Денот на независноста на Македонија во 2008 година е поставен и лифт.

извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more