Vrabotuvanje.com - Нови еколошки мерки на „Кока-кола“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нови еколошки мерки на „Кока-кола“

По бројните критики на еколошките организации ширум светот, компанијата „Кока-Кола“ соопшти дека си поставиле цел – минимум 25 отсто од нејзините пакувања до 2030 година да постанат реупотребливи и еколошки.

Нови еколошки мерки на „Кока-кола“

Ова значи дека барем четвртина од сите пакувања на пијалоците ќе бидат изработени од повратна стаклена и пластична амбалажа. Притоа, „Кока-Кола“ до 2030 година планира 50 отсто од пакувањето што се дистрибуира до потрошувачите да биде изработено од рециклиран материјал. 

Ова значи дека компанијата сериозно планира да влезе во циркуларната економија, односно да се вклучи во процесот на селекција и третман на отпадот којшто го создава.

Оваа организација била вклучена во чистење во 45 земји ширум светот, при што открила речиси 20.000 парчиња ѓубре од производите на „Кока-кола“, што е повеќе од отпадот од производите од „ПепсиКо“ и „Унилевер ПЛЦ“ заедно.

извор: meta.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more