Vrabotuvanje.com - 39.222 туристи ја посетиле земјава во декември
Share
Tweet
Share
Send to friend

39.222 туристи ја посетиле земјава во декември

Лани во декември во земјава престојувале 39.222 туристи од кои 53 отсто се домашни, а 47 отсто странски посетители кои оствариле 78.237 ноќевања при што 52,9 отсто реализирале домашните, а 47,1 отсто странските туристи.

39.222 туристи ја посетиле земјава во декември

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година бројот на туристите е зголемен за 50,3 отсто во споредба со претходната година. Кај домашните туристи има зголемување за 16,9, а кај странските гости зголемувањето е за 148,7 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, во 2021 година е зголемен за 36,3 отсто во однос на 2020 година. Кај домашните туристи има зголемување за 13,7, а кај странските за 165,1 отсто.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more