Vrabotuvanje.com - Париз поставува звучни радари кои ќе ги ловат бучните автомобили и мотори
Share
Tweet
Share
Send to friend

Париз поставува звучни радари кои ќе ги ловат бучните автомобили и мотори

Властите во Париз, еден од најбучните градови во Европа, го поставија првиот радар за откривање бучава како дел од планот за санкционирање на сопствениците на гласни мотоцикли и други возила кои предизвикуваат бучава.

Париз поставува звучни радари кои ќе ги ловат бучните автомобили и мотори

Првиот радар за откривање бучава е инсталиран на уличен столб на истокот на француската престолнина. Овој радар може да го мери нивото на бучава на возилата во движење и да ги идентификува регистарските таблички.

„ Луѓето се разболуваат од преголема врева, тоа не е добро за нашето здравје и квалитетот на живот. Поставувањето на овој прв звучен радар има за цел автоматски да ги казни сопствениците на возила кои прават преголема бучава“, изјави Дејвид Белијар, заменик градоначалник на Париз.

Париз во следните неколку месеци ќе тестира дали овој радар може точно да ги идентификува регистарските таблички на мотоцикли или автомобили, по што до крајот на 2022 година оваа нова радарска опрема ќе треба официјално да биде одобрена од надлежните органи.

извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more