Vrabotuvanje.com - Седум необични професии од кои можете да живеете
Share
Tweet
Share
Send to friend

Седум необични професии од кои можете да живеете

Седум необични професии од кои можете да живеете

1. Испитувач на квалитет на дезодоранси

Ова навистина ќе звучи чудно, но некои хемичари мораат да се уверат дека сите произведени дезодоранси и анти-перспиранти го даваат посакуваниот ефект, односно спречување на потењето на мишките на корисниците.
Седум необични професии од кои можете да живеете #1

2. Обработувач на животинско влакно

Овој среќник вари различни видови крзно од животни, со цел тоа да се накадри за понатамошна употреба. Сите знаеме дека мирисот предизвикан од изгорено влакно е ужасен. Епа сега вие замислете си како ли му е на оној, кој треба цел ден да ја мириса аромата на супа од животинско влакно.

Седум необични професии од кои можете да живеете #1

3. Бојар  на цитрони

Сигурно некогаш сте застанале покрај свежите лимони, цитрони или портокали во супермаркет и заслепени од нивната совршена боја, сте си помислиле дека би било жалосно да не купите барем  1кг. Неодоливата желба за консумирање на таквото овошје, најверојатно е резултат на постоењето на посебен вид трговски фармери, кои го бојат овошјето со динамични бои, за да ја сокријат зрелоста.Седум необични професии од кои можете да живеете #1

4. Необично новинарство

Има  таков вид новинари кои всушност се платени за да пишуваат статии за други необични професии коишто  постојат. Којзнае, еден ден можеби ќе успеат да си најдат вистинска новинарска работа.
Седум необични професии од кои можете да живеете #1

5. Пронаоѓач на бори на чевли

На никој не му се допаѓа оној набор кој се прави на кожните чевли, после само еден месец носење. Затоа постои таков работник кој се осигурува дека ниеден кожен чевел нема да ја напушти фабриката со бора. Проблемот е само како да најдеме некој кој ќе измисли нешто за чевлите да останат мазни и после кратко време носење.
Седум необични професии од кои можете да живеете #1

6. Амбасадор на виски

Ова е дефинитивно работа од соништата на сите полнолетни луѓе. Вие треба да бидете одговорни да го изберете најпрефинетото првокласно виски и да ги научите вашите клиенти, како на соодветен начин да го вкусат. Меѓу другото, ќе уживате восхитувајќи се на различните состојки, кои се идеално измешани во овој извонреден ликер.
Седум необични професии од кои можете да живеете #1

7. Испитувач на облик на зарови

Со само едно погрешено фрлање на заровите, човек може да изгуби огромна сума пари. За да не постојат нерегуларности во квалитетот на заровите, постои личност која се грижи за пропорционалноста, специфичните агли или за евентуалните мани. Претпоставуваме дека несовршеноста на коцките не може да биде причина за да останете шворц во казино.
Седум необични професии од кои можете да живеете #1

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more