Vrabotuvanje.com - НЕКОГАШ И ХИРУРЗИТЕ НОСЕЛЕ БЕЛИ МАНТИЛИ: Постои добра причина зошто нивните униформи се сега ЗЕЛЕНИ И СИНИ
Share
Tweet
Share
Send to friend

НЕКОГАШ И ХИРУРЗИТЕ НОСЕЛЕ БЕЛИ МАНТИЛИ: Постои добра причина зошто нивните униформи се сега ЗЕЛЕНИ И СИНИ

Пред нешто повеќе од еден век, хирурзите како и другите медицински работници носеле бели мантили, но таа практика се променила.

НЕКОГАШ И ХИРУРЗИТЕ НОСЕЛЕ БЕЛИ МАНТИЛИ: Постои добра причина зошто нивните униформи се сега ЗЕЛЕНИ И СИНИ

Еден британски лекар открил дека тоа им смета во работата. Беспрекорна белина под силна светлина може да го заслепи хирургот за време на операцијата, дури и на неколку минути. Сличен е ефектот што го има сонцето на очите кога сјае на снегот.

Поради тоа, се одлучило хирурзите да ја “променат” бојата на своите мантили. Но приказната не завршува тука. Јасно е зошто се откажале од носењето на бела боја, но зошто мантилите на хирурзите се бираат  баш во зелена и сина боја?

Факт е дека сината и зелената боја се на спротивната страна од црвената боја, што им помага на хирурзите за време на операциите да се фокусираат на крвта. Ова го изострува нивниот вид.

Сето ова им помага на хирурзите полесно да ја забележат анатомијата, да се концентрираат на пациентот и нијансите на крвта, што во некои случаи може да биде важно за да се минимизираат грешките во операциите.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more