Vrabotuvanje.com - Ново предупредување на Бил Гејтс: Доаѓа нова пандемија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ново предупредување на Бил Гејтс: Доаѓа нова пандемија

Милијардерот Бил Гејтс верува дека ризикот од коронавирус е драстично намален, но предупреди дека доаѓа нова пандемија.

Ново предупредување на Бил Гејтс: Доаѓа нова пандемија

Тој го упати предупредувањето од Минхенската безбедносна конференција. За него извесна е нова пандемија т.е. тоа е потенцијално пандемија на друг патоген на коронавирус.

Гејтс оцени дека напредокот во медицинската технологија може да му помогне на светот подобро да се бори против пандемијата. За да се случи тоа, повика на инвестиции.

Тој е меѓу оние кои веруваат дека коронавирусот повеќе не е толку опасен затоа што голем број луѓе се имуни и затоа што се појавил сојот омикрон, чии симптоми на инфекција се поблаги.

Ко-основачот на Мајкрософт истакна дека во некои делови од светот повеќе луѓе стекнале имунитет по природен пат отколку со вакцинација. За него целта на Светската здравствена организација (СЗО) е 70 отсто од светското население да се вакцинира до средината на оваа година.

Според него, следниот пат треба да се направи напор вакцините да се дистрибуираат за шест месеци, а не за две години. Тој е на став дека трошоците за подготвеност за следната пандемија не се високи.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more