Vrabotuvanje.com - КАФЕ ИЛИ ЧАЈ? Изборот кажува многу повеќе за вашиот карактер отколку што можете да замислите
Share
Tweet
Share
Send to friend

КАФЕ ИЛИ ЧАЈ? Изборот кажува многу повеќе за вашиот карактер отколку што можете да замислите

Според една американска анкета, екстровертите се повеќе љубители на чај, а интровертите уживаат во пиењето кафе.

КАФЕ ИЛИ ЧАЈ? Изборот кажува многу повеќе за вашиот карактер отколку што можете да замислите

Студијата на британскиот универзитет во Кардиф покажала дека кофеинот им помага на екстровертите да постигнат подобри работни резултати, додека интровертите се поефикасни кога ја немаат споменатата супстанца во организмот.

Љубителите на кафе сакаат кучиња

Луѓето кои консумираат кафе повеќе сакаат кучиња, а оние кои пијат чај повеќе сакаат да изберат мачка како свој миленик. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат чај се покреативни од оние кои претпочитаат кафе.

Црниот пијалок се поврзува со желбата за ризик!

Конзумирањето на црн пијалок е поврзано со желба за сензација и склоност кон импулсивност и ризик, што значи дека љубителите на кафе веројатно сакаат поекстремни спортови и копнеат за нови искуства.

Кој пие чај, подобро спие...

Од друга страна, оние кои претпочитаат да пијат чај спијат подобро, додека луѓето кои не можат да замислат ден без црн пијалок имаат проблеми со спиењето. Испитаниците кои повеќе сакаат да пијат чај имаат поголема веројатност да додадат шеќер во својот омилен пијалок, додека вторите уживаат во горчливи голтки.

person holding cup of coffee

Од друга страна, истражувањето покажало дека љубителите на кафе се повеќе под стрес, но помалку депресивни. Нивото на депресија кај нив е за 32 отсто помало отколку кај оние кои не го консумираат црниот пијалок.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more