Vrabotuvanje.com - Анализа: Во Македонија најрано во пензија, а еве како е во регионот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Анализа: Во Македонија најрано во пензија, а еве како е во регионот

Порталот „Пари“ правеше анализа за податоците од пензиските фондови и по податоците што ги објавувале медиумите за пензиите во своите држави. Податоците покажаа дека Македонија, во однос на Западен Балкан, дури и не стои така лошо во однос на пензиите. Секаде состојбата е лоша, а во моментов, меѓу земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна, Косово и Албанија) единствено Црна Гора има поголема просечна пензија. Но, исто така, регулативата во регионот, покажа дека во Македонија најрано се оди во пензија, освен жените во Албанија, кои се пензионираат порано од оние во Македонија.

Анализа: Во Македонија најрано во пензија, а еве како е во регионот

Во фокусот на оваа наша анализа се компарациите на пензиите и на условите за пензионирање меѓу земјите од Западен Балкан и дополнително Хрватска, како земја од поранешна Југославија која меѓу последните се придружи на Европската унија.

ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА И СТАРОСЕН УСЛОВ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

ЗЕМЈА ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА ВОЗРАСТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ (МАЖИ) ВОЗРАСТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ (ЖЕНИ)
Македонија 16.297 64 62
Србија 15.342 65 63 години и 4 месеци
Црна Гора 18.000 66 64
Босна и Херцеговина 15.390 65 65
Албанија 7.750 65 60 години и 4 месеци
Хрватска 24.273 65 63

(вредностите се конвертирани во денари)

Во Македонија има 326.841 пензионери, а просечната пензија е 16.297 денари, покажуваат податоците за јануари што ги објави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Притоа, најниските пензии се 10.276 денари и ги имаат 3.143 пензионери, додека највисоките се по  59.647 денари, а ги имаат само 69 пензионери. Право на пензија може да се оствари со навршени 64 години возраст и најмалку 15 години стаж, а жените може да изберат да во пензија на 64 или на 62 години.

Во Србија има 1.660.460 пензионери, а просечната пензија во декември 2021 година (за тогаш има последни податоци од трсна на на Републичкиот фонд за пензиско и инавлидско осигурување на Србија) е 29.365 динари (15.342 денари).

Владата на Србија на 20 јануари донесе одлука да исплати парична помош во износ од 20.000 динари (10.450 денари) на сите корисници на пензија.

Границата за пензионирање на жените од 1 јануари годинава се помести за два месеци, така што условот за жените во 2022 година е 63 години и четири месеци старост и најмалку 15 години осигурување. Истите услови како порано и годинава важат за мажите – 65 години старост и најмалку 15 години стаж на осигурување.

извор: pari.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more