Vrabotuvanje.com - Job description - Кабадаја. Услови за работа: Неограничена количина на кафе и раатлук
Share
Tweet
Share
Send to friend

Job description - Кабадаја. Услови за работа: Неограничена количина на кафе и раатлук

Ако не си бил барем еднаш кабадаја ти сигурно не си прав битолчанец.

Job description - Кабадаја. Услови за работа: Неограничена количина на кафе и раатлук

Нема ниту еден во Битола кој тоа чувство на некаква си големина и важност наречен - кабадајлук, го нема почуствувано. А кабадаи во Битола има од памти век. Од кога се памти за битолчани. Цигарчето в уста, кафето,чоканчето,шапката и се разбира најубавата маса на Дембел чаршија или Широк Сокак. Најубавата позиција да се фати.

Иначе стручно кабадаја означува индивидуа од машки пол која се обидува да создаде некаква имагинарна перцепција на големец за себе пред остатокот од општеството. Зборовите кабадаја и кабадајлук наоѓаат употреба главно во битолското говорно подрачје.

img_20160106_223352.jpg

Според некои извори зборот „Кабадаја“ има турско потекло. Потекнува од зборовите „каба“ што во превод значи груб и „даха“ што во превод значи гордост.

Битолчани надалеку биле познати кабадаји. И ден денес се раскажуваат приказните за возењето на шапките со пајтоните,затварањето на кафињата и музиката цела вечер само за него да свири, частењето на чупињата со пишенки по тефтерите и многу многу други…

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more