Vrabotuvanje.com - Запознајте го островот со необичен облик по кој чекореле помалку луѓе отколку на површината од Месечината
Share
Tweet
Share
Send to friend

Запознајте го островот со необичен облик по кој чекореле помалку луѓе отколку на површината од Месечината

Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики наведуваат дека само девет луѓе чекореле на овој остров.

Запознајте го островот со необичен облик по кој чекореле помалку луѓе отколку на површината од Месечината

Островот Клефт, попознат како Skull Rock, е дел од Националниот парк во Викторија во Австралија. Тоа е мало островче со неверојатен облик кое привлекува големо внимание.

Благодарение на својата положба, јаките ветрови и бранови со текот на времето го обликувале островот, односно на него има пештера широка 230 метри, длабока 60 метри и висока 60 метри.

Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики покажуваат дека само девет луѓе оделе по овој остров, помалку отколку од површината на Месечината.

Причината за тоа лежи во непристапноста на островот и високите и лизгави карпи по кои качувањето би можело да биде навистина опасно.

Еден од ретките среќници кои го посетиле островот е новинарот Нил Оливер кој тоа го направил во ТВ серијата „Крајбрежјето на Австралија“ во 2015 година.

Заедно со својата екипа со хеликоптер се спуштил на врвот од островот и се спуштил во пештерата.

Тие таму пронашле распадната топовска топка за која локалните историчари претпоставуваат дека потекнува од старите бродови кои го користеле островот како мета за вежби.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more