Vrabotuvanje.com - Осмомартовски понуди: Во Србија и Истанбул најевтино, во Дубаи со минимум 1.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Осмомартовски понуди: Во Србија и Истанбул најевтино, во Дубаи со минимум 1.000 евра

И годивава, традиционално во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Осми март, има бројни понуди за патувања во странство. Истанбул, Будимпешта, Виена, Братислава, Прага...европските метрополи и овој пат се меѓу најбараните и најповолните опции за прошетка. Аранжманите се движат со цени почнувајќи од 70 евра, па нагоре, но од туристичките агенции се жалат на слаб интерес за патување.

Осмомартовски понуди: Во Србија и Истанбул најевтино, во Дубаи со минимум 1.000 евра

Една од можните причини за тоа, ги наведуваат дополнителните трошоци поради пандемијата, бидејќи во дел од земјите бараат негативен ПЦР - тест за влез кој чини од 1.000 до 4.000 денари.

Невакцинираните против ковид, пак, ги заобиколуваат желбите за осмомартовски патувања, а сега дополнително и поради воениот конфликт не им е до патувања, прослави и дополнителни трошоци.

Најевтини се аранжманите за патување со автобус.

Понудите за соседна Србија се поволни, велат од туристичките агенци. Еднодневните прошетки во Врање и Солун каде жените се одлучуваат за шопинг чинат од по 1500 до 2500 денари.

За 70 и нешто евра има понуди кои вклучуваат превоз, две ноќевања во хотел, појадок, разгледување на знаменитости со водич, како и придружник за патување. Едни од тие пондуи се и тие за Истанбул.

За оние со подлабок џеп агенциите нудат осмомартовски понуди за во Дубаи, каде цените се од 600 евра нагоре за 3 или четири дена со вклучен авионски превоз, каде има дополнителен трошок од 95 евра за влезна виза во Дубаи потребна за сите граѓани со македонски пасош.

Освен аранжманите кои се плаќаат, оние кои патуваат се едногласни дека има и скриени и дополнителни трошоци за патувањето да биде комплетно. 

- Има трошоци за кафе, посета на музеи, знаменитости, јадење, па нешто да се купи за спомен. Не може да се тргне само со таа сума за аранжманот, коментираат граѓаните. 

извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more