Vrabotuvanje.com - Се продава болидот „Ферари Ф300“ на Шумахер од 1998 година
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се продава болидот „Ферари Ф300“ на Шумахер од 1998 година

Болидот на седумкратниот светски првак Михаел Шумахер „Ферари Ф300“ е ставен на продажба со цена од 4.900.000 долари. Тој победи со овој болид на Големата награда на Унгарија во 1998 година, откако успеа да надомести 25 секунди во последните 19 кругови.

Се продава болидот „Ферари Ф300“ на Шумахер од 1998 година

А го возеше и на последната трка во шампионатот, кога победи Мика Хакинен на Големата награда на Јапонија.

Пред пет години болидот „Ферари Ф2001“ беше продаден за 7.500.000 долари, додека 6.6 милиони долари достигна Ферари Ф2002.

За потсетување, Шумахер е во кома од 2013 година откако се здоби со тешки повреди при скијање. Ланскиот септември на Нетфликс се појави и документарецот за него, каде неговата сопруга Корина, првпат по осум години од несреќата, зборуваше за неговата состојба. Таа откри дека пред несреќата тој ѝ се пожалил на условите и ѝ рекол дека можеби требало да заминат на одмор на друго место.

„Пред да се случи несреќата, тој ми рече дека условите се лоши и дека можеби е подобро да заминеме на одмор во Дубаи и таму да скокаме со падобран. Тоа беше една од последните работи кои ми ги кажа“, рече Корина.

Извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more