Vrabotuvanje.com - Сакате да одите на Евровизија во Италија?! Еве колку пари чинат влезниците
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сакате да одите на Евровизија во Италија?! Еве колку пари чинат влезниците

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во Италија, поточно во Торино, а доколку сакате да патувате и да го гледате натпреварот во живо, ќе ве чини многу, секако, ако успеете да најдете билети бидејќи за нив владее „тепачка“.

Сакате да одите на Евровизија во Италија?! Еве колку пари чинат влезниците

На еден од најпознатите сајтови за продажба на билети за различни настани во Европа се објавени цените на билетите, поделени за сите три вечери.

Кога станува збор за полуфиналните вечери, нема разлика во цената – најевтиниот билет би ве чинел 384,29 евра, додека најскапиот е од 610 до 699 евра, а разликата е положбата, односно колку сте блиску до сцената .

Минатата година, во 2021 година, цените варираа и може да се види колку чинеше едно лице на минатогодишниот натпревар во Ротердам, односно билети за сите три вечери, стои на официјалната веб-страница на Евровизија.

Исто така, земена е статистика колку чинеле просечните билети, со тоа што Евровизија во 2020 година не се одржа поради пандемијата на корона вирусот, но може да се види дека најскапата карта била за 2019 година, кога град домаќин беше Тел Авив во Израел, а потоа и во Виена во 2015 година.

Извор: vecer.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more