Vrabotuvanje.com - Twitter лансира сервис за побезбедно твитање
Share
Tweet
Share
Send to friend

Twitter лансира сервис за побезбедно твитање

Во изминатите недели бевме сведоци на голем број забрани за работа, a меѓу нив е и Twitter. Популарниот сајт има решение кое може да ги надмине овие забрани.

Twitter лансира сервис за побезбедно твитање

Компанијата ја претстави услугата Tor onion, која треба да обезбеди пристап до Twitter, дури и кога услугата е блокирана во одредена земја. Покрај тоа, функцијата на анонимност во Tor ќе биде корисна во борбата против надзорот.

Платформата се заснова на верзијата Enterprise Onion Toolkit (EOTK), која е приспособена да ги исполни исклучителните барања на Twitter, според Алек Мафета, кој придонесе за проектот.

Освен што овозможува прикажување на релевантни информации, Tor може да им помогне на корисниците во други земји каде што е блокиран Twitter. Меѓу нив се Кина, Иран и Северна Кореја.

извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more