Vrabotuvanje.com - Премореноста од работа до 2022 година ќе биде официјална болест
Share
Tweet
Share
Send to friend

Премореноста од работа до 2022 година ќе биде официјална болест

Од 2022 година, премореноста од работа ќе биде официјална болест од која ќе можеме да се лечиме и за која ќе мора да одиме на лекар, соопштила Светската здравствена организација.

Премореноста од работа до 2022 година ќе биде официјална болест

Светската здравствена организација ја опишала премореноста како болест предизвикана од хроничен стрес на работа. Одлуката била донесена откако била разгледувана цела година како можна опција.

„Ова е прв пат премореноста од работа да биде препознаена и означена на овој начин“, соопштуваат од Светската здравствена организација.

Некои од главните знаци за премореност се:

  • Недостаток од сон
  • Нестабилно варење на храната и лоша дигестија
  • Висок крвен притисок
  • Лошо расположение

Во симптомите исто така се вбројуваат и размислување за работата по работното време, лоша концентрација, слаба интеракција со луѓе и недостаток од време за сите работни обврски, како и за приватните обврски.

Британскиот експерт за стрес и последиците што стресот ги остава, Фил Паркер, објаснува дека е исклучително важно да се препознаат симптомите за премореност на време со цел да се спречат сериозните последици.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more