Vrabotuvanje.com - По 60 години доцнење Германец вратил книга во библиотека со писмо на извинување
Share
Tweet
Share
Send to friend

По 60 години доцнење Германец вратил книга во библиотека со писмо на извинување

Маж кој позајмил книга од библиотеката во германскиот град Менхенгладбах ја вратил 60 години по истекот на рокот за враќање.

По 60 години доцнење Германец вратил книга во библиотека со писмо на извинување

Книгата стигнала на адресата на библиотеката во пакет испратен од југот на Франција заедно со рачно напишано писмо со извинување на две страници, информираа од управата на библиотеката, додавајќи дека на својот поранешен член нема да му наплатат казна за задоцнето враќање.

Во писмото, денеска 81-годишниот член на библиотеката, „илјада пати побарал прошка“ поради доцнење во враќањето на книгата.

Неименуваниот човек пред 60 години позајмил книга од Фридрих Енгелс.

„Градската библиотека е среќна поради враќањето на нејзината сопственост. Сега можеме да го пречкртаме насловот од долгата листа на исчезнати книги“, стои во соопштението на управата.

Од крајот на Втората светска војна од таа германска библиотека исчезнале повеќе од 850 книги.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more