Vrabotuvanje.com - Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?

Ако најчесто избирате една боја на облека, чевли и други работи, тоа може да сугерира на вашите експресивни особини на личноста за кои можеби не сте свесни. Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?

Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?

Црвена

Многумина ја поврзуваат оваа боја со доминација, агресија, возбуда или опасност. Некои истражувања дошле до заклучок дека спортистите кои ја носат оваа боја имаат 5% поголеми шанси за победа, но и дека келнерките кои носат црвено добиваат повисоки бакшиши.

Се верува дека оваа боја го привлекува посилниот пол бидејќи е поврзана со страст и љубов. Црвената боја е толку моќна што може да предизвика забрзана работа на срцето и производство на тестостерон.

Виолетова

Оваа боја некогаш била поврзана со благородништвото. Оваа боја ја поттикнува креативноста, се смета дека има смирувачки ефект и луѓето кои ја претпочитаат оваа боја се емотивни и чувствителни.

Бела

Ако вашата омилена боја е белата, тоа може да сугерира дека сте склони да забележувате детали и дека организацијата и логиката се вашите силни страни. Белата боја е синоним за чистота и едноставност. Друго вообичаено верување е дека луѓето кои ја сакаат оваа боја се независни и креативни.

Црна
 
Се верува дека љубителите на црната боја се стремат кон контрола и поголема независност. Се верува дека луѓето кои сакаат да избираат црна боја се реални и практични. Црната боја е синоним за елеганција, софистицираност, формалност. Покрај тоа, оваа боја сугерира мистерија.
 
Жолта

Едноставно кажано, ако се стремите кон жолти тонови вие сте авантурист. Не ги прифаќате наметнатите рамки и копнеете по слобода, оптимизам, страв. Спонтаноста е вашата јака страна, како и креативноста. Но, за љубителите на жолтата боја се поврзува и импулсивноста.

Зелена

Луѓето кои избираат зелени нијанси дефинитивно сакаат да бидат во природа и се стремат кон поголем успех во животот. Интересно, некои истражувања покажуваат дека љубителите на оваа боја повеќе се стремат кон безбедноста. Оваа боја е поврзана со изобилство, смиреност, здравје, раст, учење.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more