Vrabotuvanje.com - Се зголемуваат поплаките на потрошувачите за онлајн продажбата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се зголемуваат поплаките на потрошувачите за онлајн продажбата

Сферата на дигитализацијата која во последниве две години стана доста актуелна придонесе поплаките на потрошувачите на онлајн продажбата драстично да се зголемат. Во изминатава година дури 10 отсто од поплаките од потрошувачи кои пристигнале до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ биле токму на онлајн продажбата.

Се зголемуваат поплаките на потрошувачите за онлајн продажбата

Потрошувачите во време на пандемија започнаа се повеќе да купуваат онлајн и да плаќаат онлајн и токму затоа и годинашната тема на Светската потрошувачка организација е „Фер дигитални финансии”. Тоа се поврзува со онлајн продажбата, бидејќи преку неа плаќаме онлајн со картички дали кај наш или кај странски трговец и доаѓа до злоупотреби. На овој начин потрошувачите се злоупотребуваат. Како што се зголемува онлајн продажбата така се зголемуваат и поплаките.

Купувачите, онлајн купуваат се, од храна до облека, бела техника, продукти за домаќинство. Кај нас, во подем е нелегалната фејсбук продажба преку која секојдневно потрошувачите купуваат и се измамени од онлајн трговци, бидејќи не добиваат сметки и фактури.

Потрошувачите да внимаваат од каде купуваат и кога плаќаат со картички или во кеш бидејќи покрај тоа што може да добијат оштетен производ или производ каков што не нарачале воедно може да им биде злоупотребена нивната картичка и да им бидат земени средствата или да им бидат злоупотребени личните податоци. Проблем е што купувачите добиваат технички производи кои се некаква копија на оригиналот која воопшто не може да се употреби.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more