Vrabotuvanje.com - Подгответе се за летно сметање на времето!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Подгответе се за летно сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2022-та година, ноќта во 2 часот меѓу 26-ти и 27-ми март почнува летното сметање на времето.

Подгответе се за летно сметање на времето!

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Европскиот парламент го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. 

Она што е добро во летното сметање на времето е што денот трае подолго. Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе имаме и по 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more