Vrabotuvanje.com - Цените на авионските билети поскапуваат поради цената на горивата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Цените на авионските билети поскапуваат поради цената на горивата

Зголемувањето на цената на нафтата ќе доведе до зголемување на цените на авионските билети за 10 отсто, вели директорот на една од најголемите светски авиокомпании.

Цените на авионските билети поскапуваат поради цената на горивата

Директорот на Delta Air Lines, Ед Бастијана, изјави дека конечното влијание врз цените на авионските билети зависи од тоа кога ќе се смират цените на горивото.

Emirates, Japan Airlines и AirAsia се меѓу главните авиопревозници кои неодамна воведоа доплати на нивните билети за да ја покријат повисоката цена на горивото за авиони. Пред пандемијата, во 2019 година, 200 милиони патници летаа со Делта, што ја прави втората по големина авиокомпанија во светот во однос на бројот на патници.

Тие објавија дека на домашните летови во САД, цените на горивото се зголемиле „најверојатно околу 25 долари по билет, што би можело да биде помеѓу пет и десет проценти при овие високи цени на нафтата, а меѓународните летови ќе имаат повисоки цени“.

извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more