Vrabotuvanje.com - Највисоката пензија остварена од први годинава изнесува 60.294 денари, но засега нема пензионер со вакви примања
Share
Tweet
Share
Send to friend

Највисоката пензија остварена од први годинава изнесува 60.294 денари, но засега нема пензионер со вакви примања

Највисоката пензија остварена од први годинава изнесува 60.294 денари, но засега нема пензионер со вакви примања

И натаму максималната пензија во земјава изнесува 59.674 денари, а ја уживаат 74 пензионери. Вкупно пак пензионери со највисоки пензии во државава се бројат 1.340. Максималните пензии се движат од 41.724 денари до 59.674 денари. Најголем дел од пензионерите со високи пензии или поточно 874-ца имаат пензии во висина од 43.465 денари.

Во Собранието беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со новиот закон пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50 % од порастот на трошоците на живот и 50 % од пораст на просечната плата во државата во согласност со податоците од Државниот завод за статистика.

Новата методологија ќе почне да се применува од септември оваа година, а усогласувањето ќе се прави како и сега – двапати во годината, во март и септември. Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат приближно по 900 денари.

извор: rabotnik.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more