Vrabotuvanje.com - Германците го променија мислењето за "дизелашите"
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германците го променија мислењето за "дизелашите"

Европската унија предлага од 2035 година да се возат само возила со нулта емисија на гасови, а во таа борба за сојузник ја доби и Германија.

Германците го променија мислењето за "дизелашите"

Германскиот министер за сообраќај, Волкер Висинг пред еден месец се спротивстави на идејата на ЕУ од 2035 година да ја забрани продажбата на автомобили со внатрешно согорување. Таквиот потег би бил значаен чекор кон намалување на вкупната емисија на CO2 во секторот на патниот сообраќај.

Темата повторно е покрената во текот на новиот состанок во Брисел. Но, овој пат, германската министерка за заштита на околината, Стефи Лемке, објави дека владеачката коалиција во Берлин во целост го поддржува планот на ЕУ „во сите негови точки“.

Германија досега се залагаше за забрана за продажба на традиционалните бензински и дизел мотори, но бараше моторите со внатрешно согорување да се сочуваат и по 2035 година, под услов да да работат на синтетички горива, кои се практично CO2 неутрални. Но, сега министерката Лемке не дозволува ни таква можност, со што се затвора вратата за технологијата на која веќе извесно време работат „Порше“ и „Ауди“.

Некои земји како Холандија или Белгија, дури се одлучија забраната за моторите со внатрешно согорување да ја воведат и порано, уште од 2030 година.

извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more