Vrabotuvanje.com - Апликација што ги брише последните 15 минути од историјата на пребарување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Апликација што ги брише последните 15 минути од историјата на пребарување

Google конечно дозволува да се избришат последните 15 минути од историјата на пребарување како дел од апликацијата Android, според објава на The Verge.

Апликација што ги брише последните 15 минути од историјата на пребарување

„Во моментов ја нудиме оваа функција за Google апликацијата на Android и очекуваме да биде достапна за сите кои ја користат апликацијата во наредните недели. Продолжуваме да истражуваме начини како да ја овозможиме оваа корисна функција и за други платформи“, рече Google .

Функцијата прв ја забележал Михал Рахман, поранешен уредник на веб-страницата XDA Developers, кој истакнува дека бил информиран дека опцијата почнува да се појавува на Android уредите на корисниците.

За да проверите дали ја имате и вие оваа опција, отворете ја апликацијата Google Android, кликнете на фотографијата на вашиот профил и побарајте ја опцијата „Delete last 15 min“.

Засега не е познато дали Google планира да ја понуди оваа функција на десктоп платформата. Компанијата во моментов нуди алатка која автоматски брише сè од историјата на пребарување што е старо 3, 18 или 36 месеци.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more