Mr.Bricolage е француски ланец на „направи сам“ хипермаркети кој со својата традиција, професионалност и директен пријателски пристап комплетно го промени „направи сам“ секторот во Франција.
Компанијата која постои уште од далечната 1964 година, го изгради препознатливото име и ја стекна довербата од клиентите преку континуирана и долгорочна соработка со своите партнери и добавувачи, како и преку постојаната обука и инвестирање во своите вработени. Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 m2, Mr.Bricolage спаѓа меѓу најдобрите 4 „направи сам“ маркети на глобално ниво.
Не земајќи ги предвид продавниците во Франција, во Mr. Bricolage секој месец влегуваат по 500.000 клиенти, кои велат дека Mr. Bricolage им е „омилен продажен ланец поради пријатната атмосфера, добрата услуга и удобноста при купувањето“. Тоа се купувачи од Белгија, Романија, Бугарија, Србија, Мароко, Маурициус, Уругвај, Андора, Мадагаскар, а веќе и во Македонија.
Успехот и подемот на компанијата се должи на професионалниот пристап, политиката за обука на вработените и силната посветеност кон воспоставување на врвни стандарди во работењето кои на купувачите им гарантираат стандардизирана услуга и еднаков квалитет на производите во сите продавници на Mr.Bricolage.
Успехот на компанијата се должи на вредните и мотивирани вработени. Ако сакате да бидете дел од тој тим, аплицирајте затоа што имаме потреба од:
ПРОДАВАЧИ
Сите детали се на линкот