Vrabotuvanje.com - 101- годишен Американец чекал 80 години за да ја добие средношколската диплома
Share
Tweet
Share
Send to friend

101- годишен Американец чекал 80 години за да ја добие средношколската диплома

Американец кој морал да го напушти училиштето во 1930-тите, по повеќе од 80 години добил диплома за средно образование.

101- годишен Американец чекал 80 години за да ја добие средношколската диплома

Училиштето во Западна Вирџинија објавило дека Мерил Питман Купер (101) го посетувал училиштето Сторер, поранешно средно училиште во Харперс Фери, но го напуштил во последниот клас во 1938 година, кога се преселил во Филаделфија со неговата мајка поради финансиски причини.

За време на посетата на училиштетот во 2018 година, Купер се пожалил дека никогаш не дипломирал, па членовите на неговото семејство контактирале со училишната администрација во округот Џеферсон. Ова резултирало со врачување на почесната диплома на Купер овој месец на церемонија на која присуствувале членовите на неговото семејство.

„Училиштата во округот Џеферсон се посветени да му помогнат на секој ученик, млад или стар, да го исполни својот сон“, рече менаџерот на училишниот систем на округот Бонди, Шеј Гибсон-Лерн.

„За г-дин Купер тоа значеше добивање на диплома за средно образование. Чест ни е што сонот го претворивме во реалност.“

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more