Vrabotuvanje.com - Утре се одржува најголемата светска еколошка акција, часот на планетата Земја 2022
Share
Tweet
Share
Send to friend

Утре се одржува најголемата светска еколошка акција, часот на планетата Земја 2022

Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција, ќе обедини милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја. Одржувајќи се во особено клучен момент во човечката историја, овогодинешната акција ги повикува луѓето од целиот свет да се обединат во момент на размислување за нашиот однос едни со други, но и за нашиот единствен дом – планетата Земја.

Утре се одржува најголемата светска еколошка акција, часот на планетата Земја 2022

Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер Стејт Билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.

 „Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор, и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата.“ – изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа – WWF.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more