Vrabotuvanje.com - Во Белград бараат личност која ќе работи за кикирики. Буквално.
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Белград бараат личност која ќе работи за кикирики. Буквално.

Минатата недела, на улиците на Белград се појавија мистериозни билборди кои бараат личност која ќе работи за кикирики. Буквално.

Во Белград бараат личност која ќе работи за кикирики. Буквално.

Билбордите предизвикаа особено внимание од Белграѓани, зачудено прашувајќи се кој стои позади хумористичните билборди. Логиката упатуваше на тоа дека се работи за некој бренд, но кој точно – допрва требаше да биде откриено.

И така, после неколку денови – одговорот пристигна. Се работи за оглас за работа од страна на агенција Konteent Media, која бара нови членови за нивниот креативен и дигитален тим кои ќе работаат за брендот кикирики Jumbo, на компанијата Fun&Fit. Навистина, креативците буквално ќе работаат за кикирики.

Покрај билбордите, кампањата доби и сопствен веб-сајт https://jumboresenje.rs/, како и профил на Инстаграм (@jumbo_resenje).

извор: marketing365.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more