Vrabotuvanje.com - Ни Хари, ни Вилијам: Луксузната куќа на принцезата Дајана нема да ја наследат нејзините синови, туку еден актер со кој имала посебен однос
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ни Хари, ни Вилијам: Луксузната куќа на принцезата Дајана нема да ја наследат нејзините синови, туку еден актер со кој имала посебен однос

Трагично настраданата принцеза Дајана е родена во Сандрингем на 1-ви јули 1961-ва година, како четврто од петте деца на Џон Спенсер, виконт од Алтроп.

Ни Хари, ни Вилијам: Луксузната куќа на принцезата Дајана нема да ја наследат нејзините синови, туку еден актер со кој имала посебен однос

Семејството на Дајана секогаш било блиско поврзано со британската монархија. Нејзините баби Синтија и Рут биле дворски дами на мајката на кралицата Елизабета Втора. По разводот на родителите Дајана некое време живеела со својата мајка во Лондон, за набрзо старателството над децата да го добие виконт Спенсер.

Во тоа време Дајана се сели во Алтроп, на имотот на Спенсер во Нортемптоншир, каде живеела и новата сопруга на нејзиниот татко. Долго се шпекулирало дека принцезата со маќеата Рејн имала лош однос, поради што времето минато во Алтроп често го опишувала како несреќно и нестабилно. Сепак, остатоците на Дајана почиваат токму во Алтроп парк.

Луксузното здание има дури 20 соби и галерија со портрети, а покрај убавата куќа, тука има и непрегледно пространство со тревник. Британските медиуми пишуваат дека куќата на принцезата Дајана нема да им припадне на нејзините синови, туку ќе ја наследи внукот на принцезата, Луј Спенсер.

Луј Спенсер пораснал во Кејптаун, а во Велика Британија се вратил за да студира на престижниот Универзитет во Единбург. Посебно е интересен фактот дека внукот на прицезата Дајана се занимава со глума.

На венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, Луј привлекол големо внимание кај медиумите.

 

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more