Vrabotuvanje.com - Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги ВРАБОТУВА!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги ВРАБОТУВА!

Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги (Ханфа) е надзорно тело чијшто делокруг и надлежност опфаќа надзор на финансиските пазари, финансиските услуги и правните и физичките лица кои ги обезбедуваат овие услуги.

Хрватската агенција за супервизија на финансиските услуги ВРАБОТУВА!

Основните цели на Ханфа се да ја промовира и зачува стабилноста на финансискиот систем и да ја надгледува законитоста на работењето на субјектите под надзор во Република Хрватска.

Објавуваме голем конкурс за вработување за сите кандидати заинтересирани за вработување во Одделот за актуарска анализа на Дирекцијата за анализа на осигурување, Одделение за супервизија за осигурување, лизинг и факторинг, на следната работна позиција:

АКТУАР
Се бараат повеќе кандидати

Актуарите се стручни лица, едуцирани од областа на математика, статистика, веројатност и финансии. Актуарите поседуваат аналитички и деловни вештини кои ги применуваат при анализа на финансиската неизвесност и ризиците за целите на комплексните финансиски и социјални системи во целиот свет.

Актуарите преку анализа на минатите настани, и оценка на тековните ризици, креираат модели кои ги користат за проектирање на идните настани. На тој начин ги предвидуваат финансиските импликации врз работењето и обезбедуваат значајни информации за креаторите на долгорочните стратегии.

Повеќе од 100 години, актуарите во светот ја даваат својата експертиза во управувањето со ризик во осигурувањето на живот, неживотното осигурување, пензиското и здравственото осигурување, а се повеќе се ангажирани и во корпоративните финансии, инвестициите, банкарството, регулативата, образованието, итн.

Доколку сте заинтересирани да работите на оваа позиција, аплицирајте - ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more