Vrabotuvanje.com - Оглас за ангажирање на 20 теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Оглас за ангажирање на 20 теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија

Оглас за ангажирање на 20 теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија
Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, поддржана од Британската амбасада Скопје, објавува:
 
ОГЛАС
за ангажирање на 20 (дваесет) теренски истражувачи


Во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, компонентата 1 - Примена на Матрицата за следење на напредокот на реформите во правосудството во Македонија, Центарот ангажира дваесет анкетари кои е потребно да извршат теренски истражувања врз основа на веќе структуриран прашалник во текот на месец октомври 2018 година, во основните и апелационите судови во Република Македонија.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
- Завршено правни студии со 180 ЕКТС кредити;
- Одлични комуникациски вештини;
- Одлични вештини на планирање, организирање и известување;
- Способност за работа со доверливи информации и материјали;
- Способност и желба за работа во тим.

Претходно искуство во прибирање податоци преку анкетни истражувања ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV најдоцна до 27.07.2018 (петок), на e-mail адресата: contact@cpia.mk

Од своето основање во 2012 година, Центарот за правни истражувања и анализи работи во областа на владеењето на правото, пристап до правдата, демократизација, добро владеење, и човекови права. ЦПИА се залага за постигнување на своите цели преку активности поврзани со правни истражувања, развој на правни ресурси, мобилизирање на заедницата, градење правна свест и обезбедување правни совети и мислења.

За повеќе информации за програмата и за работата на Центарот за правни истражувања и анализи, посетете ја нашата веб страна: www.cpia.mk.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more