Vrabotuvanje.com - „Брако“ и „Грин Машинс“ во јуни на престижните саеми во Минхен и Диселдорф
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Брако“ и „Грин Машинс“ во јуни на престижните саеми во Минхен и Диселдорф

„Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ “ во Диселдорф, кој под слоганот „Join the best“ ,ќе се одржи од 20 до 24 јуни оваа година.

„Брако“ и „Грин Машинс“ во јуни на престижните саеми во Минхен и Диселдорф

Свое присуство во Messe Dusseldorf имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.

 „Брако“ своето место на престижниот саем во Диселдорф го обезбеди со амбиција за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство на жица и жичани производи во следните четири години. Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски  активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа  производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица,  универзално жичано плетиво и бодликава жица.

Саемот „Wire“  во Диселдорф е идеална платформа за комуникација на експерти од целиот свет од областа на индустријата за производство на жица и жичани производи . Како меѓународен форум, саемот овозможува размена на искуства од последните случувања и трендови, воспоставување нови деловни контакти како и интензивирање и зацврстување на веќе постоечките.

Од 30 мај до 3 јуни годинава „Брако“ со својот бренд на возила за одржување на хигиена „Грин Машинс“, ќе биде дел и од престижниот саем IFAT во Минхен. Водечкиот саем од областа на еколошките технологии, во светски рамки е најголемата платформа од која произлегуваат најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии за заштита на животната средина.

„Грин Машинс“ е во листата на излагачи кои на својот штанд ќе ги презентира последните револуционерни решенија имплементирани во единствените „Грин Машинс“ возила и машините за чистење надворешни површини, со специфични и различни намени.

Посебно место ќе заземе GM 955, кој што е највпечатлив поради неговиот капацитет од 6 кубни метри. GM 955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии и при тоа механичкиот принцип за собирање отпад е комбиниран со вакуум. Ќе се презентираат и возила од серијата GM 400 и GM 500.

На простор од 260 илјади метри квадратни со 18 хали и дополнителен надворешен простор за изложување, со демонстрација во живо, саемот IFAT е вистинското место на меѓународно вмрежување на професионалци од речиси 3.000 компании.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more