Vrabotuvanje.com - Од денес 80.000 работници ќе земaат минимална плата од 18.000 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Од денес 80.000 работници ќе земaат минимална плата од 18.000 денари

Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава.

Од денес 80.000 работници ќе земaат минимална плата од 18.000 денари

Владата на Република Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте.

Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни.

Владата се грижи за стандардот на граѓаните и посветено работи за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.

извор: vecer.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more