Vrabotuvanje.com - 17 Најлуди оправдувања за отсуства од работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

17 Најлуди оправдувања за отсуства од работа

Според одредени истражувања, 35% од вработените изјавиле дека излажале дека им е лошо и останале дома, кога всушност се чувствувале сосема добро.

17 Најлуди оправдувања за отсуства од работа

Некои од причините за земањето слободниот ден звучат сосема секојдневно и реално, но постојат и покреативни (комични) оправдувања кои ќе ве насмеат.

Во продолжение за вас ги издвоивме најкреативните изговори кои некогаш сте ги чуле:

„Девојка ми ме погоди со далечинското и ми го скрши предниот заб“.

„Здраво шефе. Не можам да дојдам на работа денес. Баба ми ме отру со шунка“.

„Мојот папагал се разболе од грип. Морам да останам дома и да се грижам за него“.

„Се заглавив под креветот и не можам да излезам. Се надевам дека ќе се видиме утре“.

„Универзумот ми кажа дека денес не треба да дојдам на работа, така што решив да земам слободен ден“.

„Жена ми дозна дека ја изневерувам, па цела вечер си ги собирав алиштата од контејнерот“.

„Нема да можам да дојдам на работа бидејќи ме киднапираа!“

„Денес ќе одам на плажа, бидејќи докторот ми рече дека ми недостига витамин Д“.

„Не можам да дојдам. Денес после долго време се разбудив во добро расположение и не планирам да си го уништам чувството“.

„Ја изедов храната на мојата мачка, наместо конзервата со туна“.

„Жена ми ја испра сета моја долна облека. Немам што да облечам“.

„Извинете што нема да можам да дојдам денес, во понеделник протестирам“.

„Не можам да дојдам денес (или некогаш повторно), добив на лотарија и сфатив дека повеќе би сакал да работам буквално сè останато, отколку да работам овде“.

„Се извинувам што нема да стигнам. Сосема заборавив дека денес е мојата венчавка“.

„Премногу се вознемирив гледајќи го The Notebook. Се гледаме утре“.

„Мојот автомобил го нападна мечка!“

„Утрово бев предупреден од мојот астролог за можна сообраќајна несреќа, така што ќе земам слободен ден“.

Извор: navalica.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more