Vrabotuvanje.com - Во оваа земја ќе „заработите“ 3.000 евра казна за користење мобилен телефон при возење автомобил
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во оваа земја ќе „заработите“ 3.000 евра казна за користење мобилен телефон при возење автомобил

Властите на Обединетото Кралство на 25 март донесоа одлука за нулта толеранција за употреба на мобилен телефон при возење автомобил.

Во оваа земја ќе „заработите“ 3.000 евра казна за користење мобилен телефон при возење автомобил

Досега законот забранувал употреба на мобилен телефон во ситуации кога се користи за „интерактивна комуникација“, како што е телефонски разговор.

Меѓутоа, не и за т.н. активности надвор од мрежата. Причината е едноставна – законот е донесен пред 17 години, пред појавата на паметните телефони, па со оглед на тогашните функции кои биле помалку комплицирани од денес законот бил така креиран.

Новото ажурирање на законот е обид на надлежните да ја надоместат таа „дупка“ во законот и да опфатат поширок спектар на функции на модерните телефони и ефективна забрана за било каква употреба при возење.

Тоа значи дека отсега возачите ќе го прекршат законот доколку користат мобилен телефон додека возат, па дури и доколку станува збор за фотографирање или видеозапис, играње игри итн.

Во случај возачот да биде „уловен“ на дело, тој ќе мора да плати парична казна од 2.500 фунти (околу 3.000 евра), како и целосна забрана за возење.

На возачите и натаму им е дозволено да вршат бесконтактни плаќања, но кога возилото се наоѓа во мирување, како и бесконтактно да користат навигација на нивниот мобилен телефон, доколку тој е статичен.

Извор: supermen.tocka.com.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more