Vrabotuvanje.com - Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес
Share
Tweet
Share
Send to friend

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција.

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес.

И градоначалникот на Истанбул, изрази задоволство заради збогатувањето на возниот парк со новите електрични GM500ze, нагласувајќи дека со овие возила на граѓаните им е обезбедена почиста животна околина, позелена и одржлива иднина на Истанбул и неговите 16 милиони жители.

GM500ze е целосно електрично возило со извонреден ергономски дизајн и еден од најпопуларните чистачи во светот со нула штетни емисии.

GM500ze е дел од богатата и разновидна програма од брендот „Грин Машинс“  што ќе биде презентиран и на претстојниот водечки саем во Минхен од областа на еколошките технологии од 30 мај до 3 јуни. „Грин Машинс“ е во листата на излагачи кои на својот штанд ќе ги презентира последните револуционерни решенија имплементирани во единствените „Грин Машинс“ возила и машините за чистење надворешни површини, со специфични и различни намени.

Инженерскиот тим од одделот Развој на „Грин Машинс“ продолжува да работи на нови прототипни возила со имплементирање на нови решенија создавајќи единствени перформанси на овие технолошки најсовремени возила.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more