Vrabotuvanje.com - Зошто телото ни потскокнува кога заспиваме?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Зошто телото ни потскокнува кога заспиваме?

Научниците неодамна објаснија зошто кога заспиваме, се случува телото да ни потсокне во сон.

Зошто телото ни потскокнува кога заспиваме?

Во првата фаза на заспивање, отчукувањата на срцето и дишењето забавуваат. Понекогаш кога е некој многу уморен, фазата а заспивања се случува многу брзо, мозокот доаѓа до оваа фаза на мирување пребрзо и тоа го збунува. Тогаш телото само реагира со лачење хемикалии, кои предизвикуваат будење, односно потскокнување на телото.

Најчесто, имаме чувство дека паѓаме од голема височина, и научниците велат, ова е вообичаено за секој човек. Тие веруваат дека постои надворешно влијание кое ја зголемува веројатноста на потскокнување на телото и дека тука големо влијание имаат кофеинот и тутунот.

Тие препорачуваат да го испиеме последното кафе неколку часа пред спиење, оти така ја намалуваме можноста за оваа појава. Некои експерти тврдат дека „скокањето во сон“ се случува поради ненаспаност, односно кога сме исцрпени, па заспиваме пребрзо.

Извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more