Vrabotuvanje.com - Кока - кола најавува отпуштања во Германија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кока - кола најавува отпуштања во Германија

Кока Кола планира да отпушти 410 работници во Германија, објави германската подружница на американскиот гигант.

Кока - кола најавува отпуштања во Германија

Компанијата планира до крајот на годината да ја затвори фабриката во Хам, Северна Рајна-Вестфалија, каде моментално се вработени 82 работници.

Половина од работните места во погонот ќе бидат затворени. Останатите работници, како консултанти за продажба, ќе бидат распоредени на други локации. Отпуштени ќе бидат поголем број работници, кои ги полнат автоматите и ги сервисираат, а сега работат низ цела Германија.

Кока Кола досега во Германија полнеше автомати и ги сервисираше, а во иднина овие задачи ќе им ги остави на подизведувачите.

Од компанијата соопштија дека работниците ќе бидат отпуштени „со што поприфатливи општествени услови, врз основа на нов колективен договор“.

Синдикатот на вработените во секторот за храна, пијалог и кетеринг, изрази разочарување со ваквата одлука.

извор: 24info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more